Дома Фудбал Италија Жиру пред потпис!

Жиру пред потпис!

Францускиот напаѓач Оливие Жиру е блиску до продолжување на договорот со италијанскиот шампион Милан, пренесуваат медиумите на „Чизма“.

Искусниот, 36-годишен напаѓач дојде на „Сан Сиро“ во летото 2021 година во трансфер вреден 2.850.000 од Челзи и беше еден од најважните играчи во шампионската генерација на Милан минатата сезона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Французинот досега одигра 57 натпревари во дресот на „росонерите“ и постигна 23 гола.

Има договор меѓу челниците на Милан и Жиру за продолжување на соработката, а се треба да се официјализира наскоро кога агентот на напаѓачот ќе ги започне преговорите со клубот.

Јасно е дека поради возраста договорот ќе биде продолжен на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…