Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп јавно побара од Оливие Жиру да си замине од Челзи.
Французинот добива мала минутажа во Челзи и е спремен да ја промени срдината за да може да биде во форма за Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неговата ситуација во Челзи не се промени последните два месеци. За него е подобро да оди во клуб каде ќе има поголема минутажа. Ако не може да игра во Челзи, тогаш треба да оди таму каде што може да игра. Не знам какви понуди има”, изјави Дешамп.
Медиумите пренесуваат дека за францускиот фудбалер се заинтересирани Атлетико Мадрид и Интер, кои веќе презентирале понуди до неговиот агент.
Се очекува Жиру во наредните денови да донесе конечна одлука дали ќе се пресели во Мадрид или Милано.