Дома Македонски спорт Жирона го претстави Миовски: Не сум замена за Довбик

Жирона го претстави Миовски: Не сум замена за Довбик

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски денеска беше претставен во тимот на Жирона.

Како што изјави пред новинарите, одлуката да дојде во Жирона брзо ја донел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Во Жирона сум скоро една недела и одлично соработувам со соиграчите. Одлуката да дојдам во овој клуб беше лесна. Во шкотската лига многу научив и напредував, но Примера е едно поинакво првенство, се надевам ќе ги покажам моите квалитети и ќе имам успех. Тренерот Мичел е одличен стратег и верувам дека заедно ќе ги оствариме целите на клубот“, изјави Миовски.

Иако така се најавува, не се гледа како замена за Украинецот Довбик.

„Не се гледам себеси така и не сакам да си создавам притисок. Ќе го давам максимумот на секој натпревар за да помогнам на тимот. Жирона беше хит во минатата сезона и не гледам причина да не биде така оваа сезона“, додаде Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Поранешниот претседател на Барселона ја посочува вистинската причина за заминувањето на Лео Меси!

Бартомеу, поранешниот претседател на Барселона, објасни кој всушност стои зад неочекуванот…