Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Животна драма на Џон Оби Микел: На денот на најважниот натпревар неговиот татко бил киднапиран…

Животна драма на Џон Оби Микел: На денот на најважниот натпревар неговиот татко бил киднапиран…

Репрезентативецот на Нигерија, Џон Оби Микел поминал низ вистински пекол, непосредно пред одлучувачкиот натпревар во групната фаза против Аргентина.

Седум дена откако репрезентацијата Нигерија го заврши својот настап на Мундијалот во Русија, поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Оби Микел на јавноста и откри низ каков пекол поминувал.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Непосредно пред натпреварот помеѓу Нигерија и Аргентина кој одлучуваше дали Нигеријците ќе се пласираат во осминафиналето играчот за врска Џон Оби Микел добил телефонски повик преку кој бил известен дека неговиот татко е киднапиран.

Киднаперите барале фудбалерот да им плати 21.000 фунта во замена за слободата на неговиот татко.

„Ми бее кажано дека ќе го убијат доколку кажам на некого или ја известам полицијата. Не му кажав ништо на селекторот бидејќи со тоа ќе му го одвлечев вниманието и на него и на остатокот тим на денот на толку важен натпревар“, објасни Микел.
Иако во прв момент не знаел што да прави, Микел донел одлука да настапи на натпреварот.

„Емотивно бев скршен, но морав брзо да донесам одлука дали ќе играм. Бев збунет. Не знаев што да правам, но на крајот одлучив да не оставам на цедило 180 милиони Нигеријци“, изјави играчот за врска.

Нигерија во споменатиот натпревар забележа пораз и така беше елиминирана од Мундијалот, а полицијата таткото на Микел успеа да го ослободи шест дена по неговото грабнувањето, во текот на вчерашната вечер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…