Tимот на Челзи доживеа тежок пораз од Вулверхемптон со 2:4 на својот стадион, а по овој натпревар навивачите го искажаа незадоволството и испратија свирежи за избраниците на Покетино.
Челзи вложи огромни средства, меѓутоа Покетино никако не успева да ја најде формулата за успех, единствено нешто позитивно е што обезбеди финале во Лига Купот каде што ќе игра против Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најкритикуваните фудбалери е Украинецот Михајло Мудрик кој на социјалните мрежи се расправаше и со навивач (ТУКА). Мудрик минатата година пристигна како големо засилување, но се уште не ги оправдува вложените 70 милиони фунти.
Критики на сметка на Мудрик сега истакна Џејми Охара, екс-фудбалерот на Тотенхем кој денес работи за „Токспорт“.
„Во Челзи има фудбалери со долгогодишни договори на кои јас не би им дал договор ниту на една година. За Мудрик платиле 70 милиони фунти? Тој не вреди ниту седум…откако влезе во игра ја изгуби топката 15 пати. Навистина шоктантно…
Ако сте навивач на Челзи ќе ви биде срам да го гледате вашиот тим, сега се далеку под стандардите што беа некогаш кога ја освојуваа Премиер лигата и имаа успех во Лигата на шампионите. Кога јас играв при гостувањето на „Стенфорд Бриџ“ се прашувавме дали ќе може да шутнеме на голот, сега се доаѓа со помисла за победа. Сезонава тие се еден од најлошите тимови во Премиер лигата“, изјави О’Хара.