Реал Мадрид победи со 2:1 кај Брага во 3. коло од Лигата на шампионите. На овој натпревар од португалските навивачи беше нападнат Винисиус Јуниор, најголемата ѕвезда на мадридскиот тим.
Винисиус, 23-годишниот кој имаше две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот, непотребно почна да ја прескокнува топката. Тој стоеше мирно и ја прескокнуваше топката додека противниците гледаа во него, а навивачите го навредуваа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Тоа не е расизам, но тој заслужува шлаканица бидејќи е кловн. Овие потези се непотребни и бесмислени на фудбалскиот терен“, напиша на Твитер членот на управата на Барса, Микел Кампс, а подоцна ја избриша објавата.
Во одбрана на бразилскиот фудбалер застана шпанскиот коментатор Оскар Переиро.
„Не ми се допаѓа тоа што го прави, но тој не прекршува никакви правила. Ако сака да го направи тоа, може“, рече Переиро, а соиграчот на Вини, Родриго, ја нарече објавата на Кампс срамна.
😂😂😂 pic.twitter.com/U60GABfbMu
— Yusuf⚡ (@Yusuf__jr) October 24, 2023