Дома Останати Тенис Жестока реакција на Ѓоковиќ кон Иванишевиќ и тимот: Колку сте лоши… Ужас, ужас!

Жестока реакција на Ѓоковиќ кон Иванишевиќ и тимот: Колку сте лоши… Ужас, ужас!

Новак Ѓоковиќ (36) загуби од 14 години помладиот Јаник Синер во полуфиналето на Австралија опен со 1:6, 2:6, 7:6, 3:6.

По катастрофалните први два сета, во кои освои само три гема, Ѓоковиќ го доби третиот сет, откако ја спаси меч топката на противникот. Но, во четвртиот тој повторно беше немоќен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ништо не му одеше добро на Ѓоковиќ, но најмногу сервисот. И реакцијата на противникот и искористувањето на сопствениот сервис. Тоа најдобро се виде кога поведе со 40:0 и почна да прави тешки грешки. Така Италијанецот со двоен сервис се врати во игра, а потоа му дозволи брејк.

Ѓоковиќ, кој дотогаш воопшто не комуницираше со својот тим, пред се со тренерот Горан Иванишевиќ, тогаш жестоко распали: „Колку сте лоши… Ужас, ужас, сите!

Тој ја покри устата додека го зборуваше тоа, но можеше да се слушне како негодува дека му недостига помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантни сцени на Вимблдон – Димитров го уништуваше Синер, а потоа плачејќи си замина од теренот

Григор Димитров речиси направи најголемото изненадување на Вимблдон. Бугаринот, со својата…