Дома Македонски спорт Мак фудбал Жестока реакција на „Комити“: Празни трибини, полна ложа!

Жестока реакција на „Комити“: Празни трибини, полна ложа!

Фановите на Вардар не го кријат незадоволството откако им беше оневозможено да навиваат за својот тим во вчерашниот натпревар во Маџари против Гостивар.

„Комити“ преку социјалните мрежи реагираа бурно по забраната за присуство на трибините во натпреварот во кој Вардар беше како гостин.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Одлуката да нема публика ја донесоа од редовите на Гостивар, веројатно поради причината што Вардар во Маџари како гостин ќе имаше голема поддршка.

Не е повеќе прашање зошто, туку КОГА еднаш засекогаш ќе се застане на патот на самоволието, кое повеќе од 30 години, во континуитет го разорува македонскиот клупски фудбал? Празни трибини и полна ложа. На тоа ли се сведува денес ПМФЛ? На полициски кордони чија единствена цел е – стадионот да остане празен? На желбите на поединци поголеми од интересот на навивачите? На башибозукот кој се наметнува како правилен принцип на функционирање или на постојаното летање во место, кое со децении го пеплосува мак фудбалот…

Неколку стотина членови на групата, денес без разлика на дождот и на фактот дека нема да присуствуваат на натпреварот, сепак се упатија кон стадионот. Свесни бевме дека нема да влеземе, но исто така мора да се свесни СИТЕ кои стојат зад овие апсурдни одлуки, дека Комити никогаш нема да се откажат, ниту да потклекнат пред истите. До коска за Вардар! Упатуваме поддршка до фудбалерите на теренот, за храбрата игра, како и до стручниот штаб. Заедно до целта!“, објавија „Комити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Куп на Македонија: Работнички елиминиран од третолигаш

Денес стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија со натпреварите од шеснаес…