Дома Македонски спорт Мак фудбал Женската репрезентација на Македонија до 19 години домаќин на Уефа квалификациски турнир во Скопје

Женската репрезентација на Македонија до 19 години домаќин на Уефа квалификациски турнир во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 4 до 10 април ќе биде домаќин на Уефа квалификациски турнир од втората рунда во Лига Б.

Во рамките на групата Б1, младата селекција на Македонија ќе одигра три квалификациски натпревари против соодветните селекции на Израел, Грузија и Гибралтар. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Избраничките на селекторот Астрит Мерко, натпреварите ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Во првото коло играме со Грузија на 4. април во 13. часот. Три дена подоцна на програмата е второто коло, во кое се соочуваме со селекцијата на Гибралтар, во 13. часот. На 10. април, во исто време, во последното коло силите ќе ги одмериме со Израел. 

Младата репрезентација на Македонија денеска во Кичево официјално ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи (Елдениа, Холандија), Кристина Павлоска (Шкендија);

Одбрана: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Миа Головска (Скопје), Дајана Ристоска (Каменица), Матеа Блажеска (Скопје), Ефимија Цунева (Тиверија);

Среден ред: Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ера Стеблевa (Ас Јунајтед), Сара Мена (Ас Јунајтед), Михаела Настовска (Ас Јунајтед);

Напад: Симона Мајеер (Кул), Еда Далипи (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (Гпсо 92, Франција), Билјана Панеска (Тиверија), Веса Села (Ас Јунајтед), Јехона Велиу (Грасхопер, Швајцарија);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…