Дома Фудбал Репрезентации Пораз на фудбалерките од Луксембург во квалификациите за СП

Пораз на фудбалерките од Луксембург во квалификациите за СП

Женската А репрезентација на Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето во Луксембург во рамките на квалификациите за СП 2023.

Lazar Keskinov

Репрезентативниот тим предводен од селекторот Кирил Изов дојде до водство уште во првата минута со голот на Гентјана Рочи, но до крајот на првото полувреме Луксембург направи пресврт со двата гола на Томсон. Во продолжението имавме неколку прилики за израмнување, но не успеавме да ја погодиме домашната мрежа.

Lazar Keskinov

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


 Македонија го доживеа седмиот пораз во групата и е претпоследна со три бода. Луксембург е четврти со девет бода.

До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште два меча, со Летонија на домашен терен и на гости против Австрија. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го по…