Дома Фудбал Репрезентации Женската фудбалска репрезентација до 19 години на квалификациски турнир во Белорусија

Женската фудбалска репрезентација до 19 години на квалификациски турнир во Белорусија

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 20 до 26 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Белоусија за пласман во Елитна фаза.

Нашите млади фудбалерки се наоѓаат во група со Фарски Острови, Белорусија и Кипар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот меч го играме на 20. октомври против Фарски Острови, три дена подоцна се соочуваме со домаќинот Белорусија. Во последното коло силите ќе ги одмериме со селекцијата на Кипар.

Селекторот Астрит Мерко, за претстојниот турнир се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Берна Кабакчи, Јана Луба Зврлевска (Скопје),

Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Анида Идризи (Љуботен), Сања Перчинковска (Борец), Ана Милчевска (Истатов), Викторија Недева (Тиверија), Миа Головска (Скопје), Дајана Ристовска (Мак. Саса), Сара Ефтинџиоска (Деспина);

Среден ред: Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Радица Велковска (Тиверија), Ангела Зафироска (Шкендија), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Бриќена Шаќири (Шкендија);

Напад: Теа Божиновска (Скопје), Теодора Николовска (Тиверија), Оливера Чоклеска (Ас Јунајтед), Бојана Петкова (Истатов),

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…