Во ФФМ е извршена ждрепката за двојките и распоредот на натпреварите за новата сезона од првата македонска фудбалска лига.
Новата сезона започнува на 6 август. Актуалниот шампион Шкупи во воведното коло гостува во Кавадарци против Тиквеш. Шкендија на домашен терен ќе го пречека тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра со Брегалница. Силекс во Кратово ќе го пречека Работнички. Куп победникот Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Ренова.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Прво коло, ПРВА МФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Љум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова