Капитенот на Интер, Мауро Икарди веќе ставил потпис на нов договор со миланскиот клуб, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според весникот во новиот договор откупната клаузула на Икарди ќе изнесува 160 милиони евра, наместо сегашната која изнесуваше 110 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Интер неодамна најави дека се почнати преговори за нов договор на Аргентинецот, кој побара подобри финансиски услови.
Со новиот договор Икарди ќе добие значително покачување на платата и наместо досегашните 5 милиони, ќе добива 8 милиони евра по сезона до 2023 година.
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека во секој момент се очекува официјална потврда за новиот договор на Икарди.