Од редовите на Еурофарм Пелистер денеска го промовираа, Никола Митревски кој се враќа во матичниот клуб.
Со него во тимот од Пелистер веруваат дека ќе ја продолжат серијата победи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Клубот се поистоветува со некои свои членови и тие не се само обичен дел од тимот, туку многу повеќе. Затоа нивното присуство бескрајно ни значи. Никола Митревски по три сезони во Португалија се врати во својот клуб за да продолжи да победува и освојува трофеи.
Еурофарм Пелистер е горд за потписот на најдобриот македонски голман кој доаѓа со уште три сезони во Лигата на шампионите, акумулирано искуство, квалитет и лидерство.
Капитенот на македонската репрезентација и миленикот на битолската публика ќе не поведе кон продолжување на серијата победи и трофеи“, објави актуелниот шампион во Суперлигата.