
Еурофарм Пелистер вечерва загуби на гостувањето кај Загреб со 18-27 во ракометната Лига на шампиони.
Првото полувреме донесе максимално изедначена игра, Пелистер имаше само еднаш водство (5:3), а на одмор се замина со резултат 10:10.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Мечот беше израмнет до 15-има минути до крајот, а потоа играта на Пелистер се распадна. При резултат 16:16 следуваше серија на Загреб 3:0, па 5:1 и го реши прашањето околу победникот.
Најефикасен кај Пелистер беше Борзаш со три гола, додека кај Загреб се истакнаа Кос и Кавчиќ со по 5 погодоци, Мандиќ имаше 11 одбрани.