Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер конечно победи во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер конечно победи во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер со 25-23 славеше на гостувањето кај Фредериција во меч од Лигата на шампионите, и конечно се израдува на триумф во елитното ракометно натпреварување.

Голманот Никола Митревски беше еден од главните актери во триумфот на нашиот тим во Данска, но и добрата игра во нападот во вториот дел. Во првото полувреме Фредериција имаше минимално водство, а на паузата замина со водство од 12-9 и тоа благодарение на една серија од 3-0 во финишот.


Во вториот дел Пелистер влезе со серија од 7-2, го презема водството и не го пушти до крајот. Највисоката предност беше четири гола, 21-17, а конечниот резултат 25-23.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на 20. ноември кога во Битола гостува токму Фредерција. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…