Дома Топ вести Ескалира во соблекувалната на Реал: Рамос и Роналдо во „војна“!?

Ескалира во соблекувалната на Реал: Рамос и Роналдо во „војна“!?

Шпанските медиуми скоро секоја недела пишуваат барем за еден конфликт помеѓу ѕвездите на Реал Мадрид, а денешното издание на „Марка“ пренесува вести кои сигурно ќе ги загржат фановите на „кралевите“.

Според „Марка“ капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и главната ѕвезда на тимот на Кристиано Роналдо не се во најдобри односи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По поразот на Реал од Тотенхем пред две недели, Роналдо пред новинарите изјави дека проблемот е во тоа што Реал минатото лето се откажа од искусни фудбалери како (Џејмс, Пепе, Мората). Рамос преку медиумите му одговори дека Реал на почетокот на сезоната освоил два суперкупа и без тие играчи.

„Марка“ додава дека Роналдо останал осамен во соблекувалната после заминувањето на неговите сонародници Пепе и Коентрао, додека Рамос ужива поголем углед и авторитет кај младите фудбалери, помеѓу кои се и Шпанците.

Покрај ова се потсетува дека и Рамос неодамна отворено го повика Нејмар во Реал, а Бразилецот и тоа како би загрозил статусот на ѕвезда на Португалецот.

На прашањето дали Роналдо ќе го напушти Реал, Рамос одговори: „Прашајте го него, јас не знам ништо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…