Микаел Есиен најдобрите денови од кариерата ги мина во Челзи, а потоа направи изненадувачки трансфер во Реал Мадрид.
Есиен доби повик од својот ментор Жозе Мурињо и без размислување му се приклучи во шпанската престолнина, а сега откри интересни детали за трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бев со Челзи во Монако за Суперкуп натпреварот против Алтетико и ми заѕвони чуден број. Не одговорив, но мојот братучед кој беше со мене, ми порача да одговорам. Повторно заѕвонија и се јавив. Со првото „здраво“, сфатив дека е Мурињо“.
„Агентот ми рече дека испраќа факс и затоа го замолив возачот на автобусот да застане, а играчите на Челзи не знаеја што се случува. Морав да се вратам во хотелот за да го добијам факсот, а подоцна мојот агент дојде со договорот и го завршивме трансферот. На теренот им кажав на моите соиграчи дека одам во Мадрид и им објаснив што се случува“, раскажува Есиен.
„Се подготвив и отидов во Мадрид следниот ден. Се сеќавам дека пристигнав таму со пар панталони, маица и тренерка на Челзи. Дојдов на аеродромот и Мурињо ме чекаше таму. Подоцна направив медицинск прегледи и започнав со тренинзи. Но, сите се прашуваа зошто носам тренерка на Челси, не ми е јасно ниту сега“, откри Африканецот.