Тео Ернандез во 2019 година го напушти Реал Мадрид и се пресели во Милан каде што прикажува одлични настапи.
Ернандез под водство на Пиоли се промовираше како еден од најдобрите леви бекови во Серија А и Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Главниот виновник за мојот трансфер во Милан е Паоло Малдини. Бев влиску до трансфер во Баер Леверкузен, но тој ме убеди да се преслам на Сан Сиро. Дојде да ме види кога бев на одмор на Ибица. Разговаравме и веднаш почувствував дека Милан е вистинското место за мене. Ми кажа многу убави работи за мојата игра и мојот прогрес“, изјави Ернандез.
За неговите добри настапи заслугите му ги препишува на тренерот Пиоли.
„Веднаш ми кажа дека треба да играм онака како што знам. Ме ослободи и ја разбра мојата природа, добро знаеше кои се моите силни страни и не ме лимитираше. Во Милан се подобрив во дефанзива“, смета Ернандез.