Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен јавно го кажа своето незадоволество од ситуацијата во која се наоѓа.
Ериксен во јануари пристигна од Тотенхем како големо засилување, но не се вклопува во формацијата на Конте, па главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данецот не е задоволен поради таквата ситуација и очекува да добие поголема шанса од тренерот во продолжение на сезоната.
„Не сакам да седам на клупа цела сезона. Се надевам дека тоа не е намерата на тренерот и на клубот. Сезоната е долга, има многу натпревари, па се надевам дека ќе добијам шанса“, истакна Ериксен.
„Клубот имаше големи надежи кога ме доведе, луѓето мислеа дека ќе имам важна улога во тимот, но тоа не се случи. Сега сите ме гледаат со други очи. Во медиумите имаше шпекулации за мој трансфер, но ништо конкретно“, додаде Данецот.