Дома Фудбал Англија Ериксен нема да дебитира за Брентфорд и за викендот

Ериксен нема да дебитира за Брентфорд и за викендот

Новиот фудбалер на Брентфорд, Кристијан Ериксен нема да дебитира за овој клуб ниту во сабота против КристаЛ Палас, претходно иако имаше можност Брентфорд не сметаше на него и против Манчестер Сити.

Тренерот на Брентфорд, Томас Франк потврди дека Данецот ќе го пропушти натпреварот против Кристал Палас.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Ериксен тренира добро, тој е одличен играч и задоволство е да го видиме со топка. Но тој нема да биде спремен за утре. Ќе играме пријателска во понеделник и тогаш ќе добие минути“, изјави Франк.

Објасни дека првата недела послужила стручниот штаб да биде сигурен во состојбата на Ериксен, а од следната ќе биде проценето колку навистина може.

Самиот Ериксен со нетрпение чека да му помогне на Брентфорд.

„Се надевам дека нема да помине многу време додека муи помогнам на Брентфорд. Ако постоеше била каква анексиозност не би се вратил. Верувам во лекарите и во своето срце. Тука сум за повторно даи грам во Премиер лигата. Се чувствувам добро“, изјави Ериксен.

Следниот официјален натпревар во кој би можел да дебитира е против Арсенал на 19-ти февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…