Дома Фудбал Англија Ериксен го напушта Тотенхем, но останува во Англија

Ериксен го напушта Тотенхем, но останува во Англија

Се поизвесно е заминувањето на Кристијан Ериксен од редовите на Тотенхем.

Данскиот репрезентативец не игра толку важна улога за тимот како во претходните сезони, особено сега кога Жозе Мурињо го презеде тимот. Тој е се повеќе незадоволен, а тоа значи само едно – Данецот си заминува од Лондон.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со оглед на тоа што не го продолжи договорот со Спарси, неговото заминување е неминовно, а Тотенхем сигурно ќе сака да го продаде за да не остане празни раце.

Во трката за потписот на Ериксен се Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед, кои ќе се обидат да го комплетираат трансферот уште во јануари, нудејќи значителна сума пари за да ги принудат газдите на Тотенхем да се откажат од услугите на Ериксен.

Сепак, за да се постигне сето ова, Јунајтед прво мора да го продаде Пол Погба, кој очајно сака да го напушти Олд Трафорд.

Доколку трансферот се реализира, Тотенхем од економски аспект би бил задоволен, а Мурињо би добил можност да купи нов креативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…