Иако никој во историјата не успеал да надомести четири голови негатива во нокаут фазата во Лигата на шампионите, тренерот на Барселона Луис Енрике изјави дека стручниот штаб, неговите играчи и навивачите веруваат дека е возможно да се оствари невозможното.
„Очекувам од навивачите да приредат величествена атмосфера и верувам дека можеме да се пласираме во четвртфиналето. Ќе играме со многу ризик, но мислам дека сме во топ форма и дека можеме да минеме натаму. Знам дека за многумина ова делува како загубен случај, но ќе се бориме до последната минута“, изјави Енрике.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските медиуми најавуваат дека в среда Енрике ќе отстапи од стандардната формација 4-3-3 и дека Барселона формациски ќе игра 3-4-3.
Тоа значи дека на голот ќе биде Тер Штеген, во одбраната Пике, Маскеранo и Умтити, четворката во средниот ред ќе биде Бускетс, Иниеста, Ракитиќ и Арда Туран, а тројката во нападот ќе биде стандардната Нејмар, Меси и Луис Суарез.