Тренерот на Барселона, Луис Енрике не може да ги сокрие емоциите по историскиот натпревар на Камп Ноу, и истакна дека се е возможно кога се верува до крај.
Луис Енрике го посвети успехот на сите фанови кои не го отпишаа тимот по тешкиот пораз во Париз и призна дека среќата одиграла голема улога.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Не мислам дека има некој во нашиот тим, кој престана да верува во пресвртот. Ризикувавме на реваншот и тоа ни се исплатеше. Иако дозволивме гол, играта ни беше навистина неверојатна“, изјави Енрике.
„Понекогаш такви завршници во фудбалот се случуваат и денес среќата ни се насмевна. Важно е дека бевме исклучително ефикасни. А шестиот наш гол едноставно не испрати сите во друга димензија, во друг свет. Сигурно, нашето присуство во четвртфиналето нема да му се допадне на никој од нашите противници. Сега секој од осумте тима таму има огромни шанси да стане шампион“, смета тренерот на Барса.
„Сега сакам да им честитам на навивачите и да ја посветам победата на сите нив, кои не се откажаа од нас во ниеден момент. Ова е важна порака за целиот фудбалски свет, ние не сме Глобтротерси, ние сме фудбалски тим“, заклучи пресреќниот Енрике кој уште еднаш потврди дека одлуката да ја напушти Барса е конечна.