Дома Фудбал Италија Емотивна приказна: Зошто Лукаку кога слави гол прави буква „А“?

Емотивна приказна: Зошто Лукаку кога слави гол прави буква „А“?

Ромелу Лукаку од почетокот на својата кариера се издвојувал од своите врсници првенствено поради својата висина и градба, но и за разлика од многумина имал исклучително тешко детство.

Лукаку претходно раскажуваше некои детали од тешкото детство, меѓутоа посебно внимание привлече во последното обраќање за „Газета Дело Спорт“. Одличниот Белгиец често пати при прославата на головите ја покажува буквата „А“ сега откри зошто го прави тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имав шест години кога мојот татко престана да игра фудбал, а на мојата мајка и беше дијагностициран шеќер. Поминавме низ неколку тешки години. Немавме пари, мајка ми работеше низ локалните ресторани, а јас и брат ми одевме кај неа после натпреварите. Понекогаш нашите родители остануваа гладни за ние да имаме што да јадеме“.

„Сега сакам се да и вратам. Кога и да постигнам гол правам буква „А“ за да го посветам голот на својата мајка Адолфина бидејќи без неа не би бил ова што сум денес“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…