Вчера Барселона излезе со соопштение за здравствената состојба на Кун Агуеро откако Аргентинецот се пожали на болки во градите и отежнато дишење во натпреварот со Алавес.
Агуеро ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, а во тој период Барселона преку терапии ќе ја следи неговата состојба и ќе биде одредени дали е потребна и подолга пауза.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По објавувањето на лошите вести со емотивна објава се огласи мајката на Агуеро.
„Никогаш работите за тебе не беа лесни. И кога беше дете секој нов чекор носеше некакви компликации, нешто постојано те тераше да се откажеш од соништата. Животот сега уште еднаш те става на тест кој верувам дека ќе го надминеш како се во минатото. Ти никогаш не се предаваш, знаеш дека секогаш ќе бидам покрај тебе за се што треба, исто како и сите во семејството. Никогаш не губи верба и надеж, те сакам сине“, порача мајката на Аргентинецот.