Дома Фудбал Германија Емотивна исповед на славниот германски голман: Имам уште шест месеци живот, ова е мое последно интервју…

Емотивна исповед на славниот германски голман: Имам уште шест месеци живот, ова е мое последно интервју…

Некогашниот германски голман, Георг Кох во интервју за германските медиуми откри дека се бори со ракот на панкреасот кој е во терминална фаза, а докторите му кажале дека не му останува уште многу живот.

Германскиот чувар на мрежата кој бранеше во Кајзерслаутен и Динамо Загреб до минатата година работеше како тренер, но си замина од редовите на третолигашот Викторија Келн поради здравствената состојба.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Сега во интервјуто за „Спор1“ тој не криеше дека е свесен за својата состојба, а напомена и дека ова е веројатно неговото последно интервју.

„Морам да ги држам емоциите под контрола. Целиот живот ми се промени по само три реченици. Знаев дека ќе треба да се борам, така е секогаш во мојот живот. Не можев да се откажам, никогаш не сум се откажувал во животот.

Има денови кога сум депресивен, има и денови кога корнам дрвја, тешко можам да објаснам. Не знам како ќе бидам утре. Некогаш сум расположен навечер, а потоа кога ќе станам едвај дишам. Докторите велат дека имама шест месеци живот. Поминав многу хемотерапии, добив и лек од САД. Ова е моето последно интервју“, изјави Кох.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Милан веќе се разговара за отказ на Фонсека: Познат и првиот фаворит

Екипата на Милан вчера во Лигата на шампионите претрпе пораз од Ливерпул со 1:3, а овој по…