Дома Македонски спорт Емил Павлов после златниот медал во Салцбург примен од АМС

Емил Павлов после златниот медал во Салцбург примен од АМС

Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата Горан Милковски.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап на ОИ во Токио.

“Емил е пример како еден спортист треба да се однесува, и за нас е еден од најуспешните спортисти во државава“, истакна Каевски.

Пет победи во пет борби, од кои во борбата за злато Емил направи пресврт во последните секунди и успеа да го сврти резултатот во своја корист и да го освои посакуваниот златен медал.Во момемтов Павлов е седми на Европската ранг листа, и за да обезбеди пласман на ОИ ќе мора да се избори најмалку за бронзен медал на претстојното ЕП, кое од 8-10 мај ќе се одржи во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…