Колку и тоа чудно да звучи, шеиците од Катар не се задоволни од работата на шпанскиот тренер Унаи Емери и веќе започнаа потрага по решение за следната сезона.
Според пишувањето на француските медиуми, Емери сигурно заминува од ПСЖ на лето. Најголема желба на шеиците беше Мурињо, кој иако изјави дека му се допаѓа проектот на ПСЖ, ја одби нивната понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главен кандидат за клупата на богатиот клуб од Париз беше Андре Виљаш-Боаш, поранешниот тренер на Порто, Челзи, Тотенхем и Зенит. Виљаш-Боаш неодамна ја заврши авантурата во Кина каде што го водеше тимот на Шангај ШИПГ, а преговорите со ПСЖ траат веќе некое време и реално е да дојде соработка.
Талентираниот млад тренер на големата сцена се проби во Порто. Потоа беше тренер на Челзи и Тотенхем, во овие два клуба не се прослави. Замина во Зенит и освои тројна круна пред минатата година да направи трансфер во Кина.