Дома Фудбал Англија Емери: Не заслуживме да изгубиме, а и не ни беше досуден чист пенал

Емери: Не заслуживме да изгубиме, а и не ни беше досуден чист пенал

Фудбалерите на Арсенал вчера повторно ги разочараа своите навивачи со поразот на гости кај Шефилд.

„Топџиите“ беа големи фаворити, но вчера уште еднаш прикажаа навистина лош настап и заслужено изгубија. Одлучувачкиот момент се случи во 30-тата минута кога киксираше одбраната одбраната на Арсенал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Арсенал во продолжение од натпреварот имаше иницијатива и посед на топка, но играчите на овој тим изгледаа тотално безидејно. И кога успеваа да дојдат до голот противникот не можеа сериозно да се заканат.

Големи критики после поразот доби тренерот на овој тим Унаи Емери кој повторно експериментираше со почетниот состав. Но, како што е вообичаено шпанскиот стратег мисли дека неговиот тим одиграл добар натпревар и дека не заслужиле да изгубат.

Емери смета и дека неговиот тим требало да добие пенал.

„Со ВАР кој сега го имаме прекршокот над Сократис мораше да се прегледа. Тоа беше чист прекршок и пенал. Не заслуживме да изгубиме и мислам дека можеме многу да ја подобриме нашата игра“, изјави Емери после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата на Рома назначен за нов тренер на Џенова

Фудбалскиот клуб Џенова го постави Даниеле Де Роси како нов предводник на стручниот штаб, …