Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави е пред враќање во Серија А.
28-годишниот Италијанец сака да си замине од Кина и веќе започнал преговори со Шангај за раскинување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај со кој потпиша договор до 2022 година.
Ел Шарави е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија, а за неговите услуги интерес покажуваат Рома и Милан.
„Калчомеркато“ пренесува дека Милан стапил во контакт со неговиот агент и сака да го врати на „Сан Сиро“, откако Ел Шарави во следните денови ќе биде слободен агент.
Ел Шарави својата фудбалска афирмација ја доживеа во Милан и сега може да се врати во поранешниот клуб.