Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.
Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.
„Кралевите“ ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го доведат уште во зимскиот преоден рок, бидејќи имаат потреба од нова „деветка“.
Меѓутоа, интерес за Аргентинецот покажуваат уште Барселона и Баерн Минхен, па се очекува голема битка за неговиот потпис.
Сити пак не сака да се раздели со напаѓачот и ќе се обиде да го убеди да остане на „Етихад“.