Дома Топ вести „Ел Класико“ за ѕвездата на Милан

„Ел Класико“ за ѕвездата на Милан

Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваат шпанските медиуми.

Леао одигра одличн сезона, и беше избран за најдобар играч во Серија А, а неговиот договор со Милан истекува 2024 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Милан ова лето одби богати понуди за Португалецот, но јасно е дека нема да може уште долго да го задржи, особено ако Леао до лето не стави потпис на нов договор.

Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Милан нема намера да разгледува понуди за Португалецот и бара да биде платена откупната клаузула од 150 милиони евра.

Меѓутоа, доколку Леао не го продолжи договорот тогаш Милан на лето ќе биде приморан да го продаде, а шпанските гиганти се спремни да понудат 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…