Дома Топ вести Елмас и Џани во ист клуб: Наполи тргнува по Алиоски

Елмас и Џани во ист клуб: Наполи тргнува по Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе му стане соиграч на Елиф Елмас во Наполи од следната сезона.

Најновите информации од Англија говорат дека Алиоски ја одбил и последната понуда од Лидс и ќе го напушти клубот како слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интерес за него покажува Галатасарај, но сега и Наполи се приклучи во трката за неговиот потпис и наводно е спремен да ја победи конкуренцијата.

Наполи бара засилување за левата бековска позиција и сака пред почетокот на Европското првенство да го добие потписот на Алиоски.

Италијанскиот клуб му нуди петгодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…