Дома Фудбал Италија „Елиот“ го враќа Малдини во Милан

„Елиот“ го враќа Малдини во Милан

Инвестицискиот фонд „Елиот“ во наредните денови и официјално ќе ја преземе контролата над италијанскиот гиганти Милан.

Актуелниот сопственик Јанхонг Ли не го врати долгот од 415 милиони евра кон инвестицискиот фонд, па „Елиот“ ја започна процедирата за преземање на контролата на клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За во четврток веќе е свикан управниот одбор во клубот и „Елиот“ официјално ќе стане сопственик на Милан, а медиумите ги открија плановите.

Имено, „Елиот“ ќе сака да го валоризира клубот и бренодот Милан, веднаш ќе постави свои луѓе на раководни функции, а на висока директорска функција ќе биде поставен легендата на клубот, Паоло Малдини.

Притоа, „Елиот“ веднаш ќе уплати на сметката на Милан 150 милиони евра за трансфери и нормално работење на клубот во следните неколку месеци.

Ова може да биде добра вест за „росонерите“ и пред Спортскиот суд во Лозана каде што ќе се решава за казната на УЕФА, бидејќи сега Милан има стабилен сопственик.

Фондот „Елиот“ има намера да го валоризира клубот и во следните 6 месеци или година да го продаде на нов сопственик, а веќе е во преговори со неколку заинтересирани страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…