Дома Македонски спорт Мак ракомет Експериментот неуспешен: Вардар го запиша најтешкиот пораз во СЕХА лигата

Експериментот неуспешен: Вардар го запиша најтешкиот пораз во СЕХА лигата

Тимот на Вардар денес во седмото коло СЕХА лигата го разби Вардар со 35:20.

За Вардар ова беше втор пораз во низа во ова натпреварување, но никогаш претходно не доживеал нешто слично како денес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова за црвено-црните беше најтешкиот пораз во историјата на СЕХА лигата. Претходниот најтежок пораз Вардар го имаше од Веспрем со 31:23 и Мешков 30:22 во сезоната 2014/2015.

Секако, Вардар денес беше без првиот тим, па и поради тоа е овој убедлив пораз, а наредниот натпревар го играат со Нексе за седум дена. Oсвен што Вардарци играа со јуниори на клупата не беше Гарсија Парондо, туку Билјана Црвенковска. Ова беше прв пат во историјата на СЕХА лигата еден тим да биде предводен од дама.

Уште на полувреме белорускиот тим имаше предност од 19:9 и можеше да се насети катастрофата која следуваше до крајот.

Во редовите на Вардар најефикасен бше Јања Војводиќ со пет голови, додека Стефан Алексовски и Мартин Поповски постигнаа по четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за Светското првенство

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список н…