Италијанските и француските медиуми потврдија дека Џанлуиџи Донарума постигнал договор со ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на принцовите“.
Еден од најдобрите голмани во светот е слободен агент откако му заврши договорот со Милан, па ПСЖ ја победи конкуренцијата за неговиот потпис со најбогата понуда.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Донарума ќе потпише 5-годишен договор со ПСЖ и годишно ќе заработува 12 милиони евра.
Меѓутоа, еминентниот „Екип“ денес пласираше изненадувачка информација и тврди дека ПСЖ ќе потпише договор со Донарума, но веднаш ќе го испрати на позајмица.
„Светците“ неодамна го продолжија договорот со Кејлор Навас и сакаат и следната година тој да биде прв голман, но не сакаат да ја испуштат можноста да го донесат Донарума без пари, бидејќи има 22 години и претставува иднина на клубот.
ПСЖ е спремен да го испрати Донарума на едногодишна позајмица, а во пол позиција е Рома, а Жозе Мурињо веќе имал телефонски разговор со младиот голман.