Дома Фудбал Останато „Екип“ го понижи Буфон – „двојка си“: Сега му виси и новиот договор со ПСЖ

„Екип“ го понижи Буфон – „двојка си“: Сега му виси и новиот договор со ПСЖ

Синоќешниот натпревар помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед покажа дека легендарниот Џиџи Буфон не е повеќе на топ ниво, бидејќи направи голема грешка при вториот гол на Лукаку.

Со синоќешната лоша партија 41-годишниот Италијанец веројатно ја „уништи“ и шансата да добие нов договор во Пари Сент Жермен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Буфон му истекува на лето, а во претходните денови имаше најави дека ПСЖ ќе му понуди нов едногодишен договор, но после синоќешната партија тоа е знак прашалник.

Еминентниот весник „Екип“ после синоќешниот настап го оцени со „двојка“, што е дефинитивно понижување за легендарниот Италијанец.

Менаџерот на Буфон, Силвано Мартина призна дека тоа е лош знак за потенцијалните преговори.

„Јас сум само менаџер и не знам што ќе се случи. Знам сигурно дека ПСЖ не е задоволен. Морам прво да разговарам со клубот, но сега не е време за тоа бидејќи главите се се уште жешки после елиминацијата. Ќе разговараме, но не знам дали Џиџи ќе ја продолжи соработката. Вистина е дека направи грешка, но тоа му се случува и на најдобрите. Тој е многу важен за ПСЖ како на теренот така и во соблекувалната“, изјави Мартина.

Буфон годишно во Париз заработува 7 милиони евра, а навивачите на ПСЖ го бараат Ареола на голот после синоќешниот пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…