Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров направи една измена во составот за реваншот со Романија

Лазаров направи една измена во составот за реваншот со Романија

Селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров направи една измена од првиот натпревар против Романија за денешниот реванш.

Ново име во нашиот ростер е Ненад Костески кој во тимот ќе добие шанса на местото на Марко Митев.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Измена направија и Романија кои го пријавија десниот бек Хавиер Гаминде Хумет од Диннамо Букурешт. Поради приватни причини тој го пропушти натпреварот во Скопје. Судии на натпреварот кој започнува од 17:00 часот ќе бидат Германците Шулце и Тониес.

Ќе потсетиме Македонија во овој реванш влегува со одлична предност од првиот натпревар со осум гола разлика 30:22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…