Дома Останати Авто Мото Една деценија од страшната несреќа која го промени Шумахер: Што е до денес познато?

Една деценија од страшната несреќа која го промени Шумахер: Што е до денес познато?

29-ти декември 2013 година е датум кој со црни букви ќе остане запишан во историјата на спортот, посебно за љубителите на Формула 1. На тој ден легендарниот Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијањето на француските алпи по што повеќе не е истиот човек.

Иако помина една деценија светот не знае во каква точно состојба е легендарниот возач бидејќи неговата сопруга Корина го држи далеку од очите на јавноста и само одреди личности имаа дозвола да го видат Михаел.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Оние кои досега имале прилика да го видат Шумахер по несреќата потврдуваат дека тоа не е истиот човек кој светот го познава, меѓутоа нешто поточно не е познато.

Михаел Шумахер е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1 и низ годините стана и синоним за овој спорт. Во кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Седум пати беше светски шампион во 19 сезони и од 307 трки победи на 91. Вкупно 155 пати се најде на подиумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…