Дома Фудбал Останато Еднаква игра или #EqualGame

Еднаква игра или #EqualGame

УЕФА со соработката со компанијата www.equalgame.com, која започна овој месец, јасно покажа дека сака да им даде шанса на сите кои скаат да се занимаваат со фудбал. Сака фудбалот да стане универзален јазик кој ќе биде достапен за сите.

Една од предрасудите кои постојат е дека фудбалот „не е за жени“, но доколку веќе играат тоа е повеќе за забава отколку сериозна работа. Во најразвиените замји, каде што има добар социјален дијалог меѓу половите, женскиот фудбал е граѓанско право.
Скандинавија, Германија, Холандија па дури и САД и Јапонија женската фудбалска индустрија е во експанзија.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Сепак, просечниот фудалски познавач знае кој е Кристиано Роналдо, најдобриот фудбалер според УЕФА за 2016/17 година, меѓутоа само добро упатените во женскиот фудбал знаат која е најдобрата фудбалерка за 2016/17 според УЕФА.

Кога УЕФА пред неколку дена ги именуваше фудбалерот и фудбалерката на годината, Роналдо победи лесно, а меѓу жените престижната награда замина кај холандската ѕвезда Лиек Мартенс.

24-годишната актуелна фудбалерка на Барселона му помогна на својот национален тим да стигне до титулата европски шампион пред еден месец, а со шведскиот Росенгард стигна до четвртфианлето во Women’s ChampionsLeague.

Мартенс не победи лесно во изборот. Со освоени 95 гласа за малку ја претекна Перниле Харбер (Данска, Линкопинг и Волфсбург) која освои 81 глас.

Мартенс е родена во јужна Холандија во местото Њу-Берген. Кариерата ја започна во Херенверн, а потоа во Венло, Стандард Лиеж, Дуисбург, Гетеборг и Росенгард пред да се пресели во Барселона ова лето.

Во 80 репрезентативни настапи постигна 33 гола. Дебито за репрезентацијата го имаше во 2011 година и учествуваше на Светското првенство за жени во 2015 година.

Ова се 10-те најдобри фудбалерки според гласовите на УЕФА:

1 Лиек Мартенс (Холандија, Розенгард и Барселона)
2. Перниле Хардер (Данска, Линкопинг и Волфсбург)
3. Џенифер Марозан (Германија, Лион)
4. Вивиан Миедема (Холандија, Баерн Минхен и Арсенал)
5. Еугени ЛеСомер (Франција, Лион)
6. Венди Ренер (Франција, Лион)
7. Џеки Гронен (Холандија, ФФЦ Франкфурт)
8. Луси Бронзе (Англија, Манчестер Сити и Лион)
9. Џоди Тејлор (Англија, Арсенал)
10. Шенис ван де Санден (Холандија, Ливерпул)

УЕФА ја започна кампањата со паролата дека сите можат да играат фудбал, без оглед на полот, од каде доаѓа личноста и како игра.

Повеќе за ова може да прочитате на: www.equalgame.com

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германската легенда со совет до Барса – препорача засилување од 28 милиони евра: Тој е фудбалер кој може да направи разлика!

Во последниот летен трансфер период, една од областите која се очекуваше дека Барселона ќе…