Според последните информации на медиумите, Едисон Кавани е пред потпис со Бока Јуниорс.
Поранешниот фудбалер на Наполи, ПСЖ И Манчестер Јунајтед најверојатно ќе стане нов играч на аргентинскиот гигант. Бока и минатото лето се обидуваше да го доведе Уругваецот кога си замина од „Олд Трафорд“, но тогаш тој се одлучи да остане во Европа и одигра сезона во Валенсија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега последните информации се дека е пред заминување од шпанскиот тим и само детали го делат од конечен договор. Главна пречка во овој момент висината на договорот кој би требало да го потпише, Кавани сака договор на две години, додека Бока му нуди едногодишна соработка.
Со името на Кавани се поврзуваше и Национал од Мотевидео, но засега Бока е фаворит за неговиот потпис. Кавани се уште е под договор со Валенсија, меѓутоа сака да го раскине и клубот според најавите нема да му прави проблеми.