Tимот на Вест Хем е единствениот премиерлигаш кој досега не доведе ниту еден фудбалер во овој преоден рок.
„Чеканите“ очигледно имаат проблем, па никако да го доведат првото засилување, а времето минува. Претходно преговараа со Џејмс Ворд-Праус, Конор Галагер и Скот Мектомини, но ниту едни преговори не завршија успешно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефинитивно имаат потреби од засилувања, па сега ќе се обидат да го привлечат вниманието на платформата „Transfer Room“ (Соба за трансфери). Според информациите на Вест Хем му се потребни седум фудбалери на позициите лево и десно крило, дефанзивен играч за врска, играч од средниот ред, напаѓач и офанзивен играч за врска.
Клубот има солиден буџет на располагање со оглед на тоа дека го продадоа Даклан Рајс на Арсенал за 20 милиони фунти.