Тениските фанови и експерти сигурно уште долго ќе бидат под впечатоци на вчерашното феноменално финале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во кое Шпанецот ја освои титулата.
Младиот Шпанец на 20 години игра фантастичен тенис на сите подлоги и ветува многу. Англиската новинарка Клер Болдинг која работи за „Би-Би-Си“ и со години го следи тенисот тврдеше во текот на мечот дека Федерер навивал за Алкараз. Секако, Швајцарецот имал и голема причина – да го задржи рекордот со осум титули на Вимблдон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега Федерер не се огласил и не му честитал на својот помлад колега, за разлика од Рафаел Надал кој веднаш испрати честитка до својот сонародник.
„Ќе ви кажам кој сигурно многу навиваше за Алкараз – Роџер Федерер. Неговиот рекорд засега ќе остане недопрен…“, истакна новинарката.
Но, секако дека ако судиме според формата, Ѓоковиќ се уште не го кажал последниот збор.