Дома Фудбал Италија Еден од најпознатите италијански судии вчера го судеше последниот натпревар во Серија А

Еден од најпознатите италијански судии вчера го судеше последниот натпревар во Серија А

Еден од најпознатите италијански судии Даниеле Орсато (48) последен пат судеше на натпревар во Серија А бидејќи по Европското првенство во Германија ова лето ќе замине во пензија.

Последен пат на теренот во најсилната италијанска конкуренција Орсато беше во вчерашниот натпревар помеѓу Аталанта и Фиорентина кој заврши со победа на „Виолетовите“ од 2:3.
Фудбаелрите на двете екипи го испратија Орсато со овации и подароци.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Дефинтивно беше еден од најдобрите во историјата, ќе недостасува на италијанскиот фудбал“, изјави директорот на Фиорентина.

Пофални зборови за Орсато имаше и тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.

„На Орсато мора да му се честита и верувам дека кариерата која ја оствари ќе биде пример за многу помлади судии“, порача Гасперини.

Сезонава Орсато го судеше и за него последниот натпревар во Лигата на шампионите, а тоа беше средбата помеѓу Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен. На клупски план најважниот натпревар кој го судеше беше финалето во ЛШ помеѓу ПСЖ и Баерн во 2020 година.

На Светското првенство во 2022 година делеше правда на средбата помеѓу Аргентина и Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куртоа остро го нападна претседателот на Ла Лига

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, упати остри критики на сметка на претседателот на шп…