Eден од најпознатите полски фудбалери во историјата, Јакуб Блашчиковски објави крај на кариерата.
Полскиот 37-годишен крилен напаѓач е втор по бројот на настапи во дресот на полската репрезентација. Повлекувањето го објави фудбалерот на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој пат има свој крај. Благодарен сум ви за големата поддршка што ја добивав со секој мој чекор. Се што направив во минатото вредеше“, објави помеѓу другото екс-играчот на Борусија Дортмунд.
Блашчиковски во јуни го одигра последниот натпревар за германската репрезентација, а кариерата ја завршува во второлигашот Висла Краков каде што играше и од 2004 до 2007 година.
Низ кариерата со Борусија Дортмунд освои две титули во Германија, еден домашен куп и три Суперкупа. Го носеше дресот уште на Волфсбург и Фиорентина, а на 5-ти август ќе се прости од публиката на стадионот на Висла Краков.