Вечерва пристигнуваат одлични вести за навивачите на Манчестер Сити.
Еден од најголемите, ако не и најголем талент од таборот на „граѓаните“ Фил Фоден потпиша нов договор со клубот кој ќе има важност до 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фоден има само 18 години и е дел од академијата на англискиот гигант.
Во изминатиот период неколку поголеми европски клубови покажаа интерес за неговите услуги, но со овој потег клубот го убеди Фоден дека на него и тоа како смета во иднина.
„Среќни сме што го обезбедивме во наредните пет ипол годин. Тој е голем талент, порасна кај нас и сака тука да ја продолжи кариерата. Ова е идеална средина за неговиот развој како фудбалер“, порача спортскиот директор на Манчестер Сити, Тихи Бегиристан.
Yes, Phil! ? pic.twitter.com/ZKBHDfXoLy
— Manchester City (@ManCity) December 10, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=GW5gyrBfD0E