Дома Фудбал Англија Еден од најважните играчи во „машинеријата“ на Пеп стави потпис на нов договор

Еден од најважните играчи во „машинеријата“ на Пеп стави потпис на нов договор

Лидерот и бранител на трофејот во англиската Премиер лига Манчестер Сити објави дека потпис на нов договор ставил еден од најважните фудбалери на овој тим, Бернардо Силва.

Според новиот договор Силва ќе остане во редовите на „граѓаните“ до 2025 година, претходниот имаше важност до 2022 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во официјалната објава од Манчестер Сити нема информации за финансиските детали од договорот на Силва, но ако им веруваме на англиските медиуми таа ќе изнесува околу 150.000 фунти неделно.

„За мене ова претставува голема чест. Овој клуб ви ви ги овозможува сите услови за да напредувате. Стилот на игра посебно ме воодушевува“, изјави Силва при потпишувањето на договорот.

Бернардо Силва својата кариера ја започна во Бенфика, за потоа да премине во Монако каде што прикажуваше одлични настапи со кои си обезбеди трансфер во редовите на „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со …