Дома Фудбал Репрезентации Еден англиски репрезентативец неочекувано се врати дома

Еден англиски репрезентативец неочекувано се врати дома

Бекот на англиската репрезентација Бен Вајт го напуштил кампот на селекцијата во Катар и се вратил во Англија од лични причини, објави англиската фудбалска асоцијација.

Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар за следните натпревари на Англија, а засега не се откриваат повеќе детали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првите три натпревари 25-годишниот дефанзивец не запиша настап за Англија која обезбеди пласман во осминафиналето.

Се огласи и Арсенал со кратка порака во која му даде поддршка на Вајт, а се очекува наскоро да се дознае вистинската причина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Луд навивач стана хит на Африканскиот Куп на Нации: За кого навиваше?

Неделава во Мароко започна Африканскиот куп на нации, каде што најдобрите африкански репре…