Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека постои можност Европското првенство следната година да се игра во помалку од предвидените 12 држави.
ЕУРО 2020 требаше да се игра во 12 разлилни држави, но ова лето се одложи поради пандемијата со коронавирус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чеферин тврди дека сигурно ќе се одигра следната година, но може да дојде до промена во планот и да не се игра во 12 различни држави.
„Доколку пандемијата не заврши тоа ќе биде катастрофа. ЕП 2021 сигурно ќе се одржи според предвиденото од 11. јуни до 11. јули следната година, но размислуваме дали да биде во 12 различни градови. Постои можност бројот на земји домаќини да се намали на осум, па дури и на една држава“, истакна Чеферин.
Според англиските медиуми, Баку и Санкт Петербург уште отсега се на пат да бидат отстранети од организацијската структура на ова ЕП.